Македонската репрезентативка Ива Младеновска денеска го имаше првиот настап во Лигата на шампионите.
Младеновска со екипата на Брест Бретањ во рамки од претпоследното коло од групната фаза од Лигата на шампионите за ривал го имаа Савехоф.
Францускиот тим немаше големи проблеми да дојде до победа, со подобрата игра во вториот дел успеа да триумфира со пет гола разлика, 28:23 (10:9).
Младата ракометарка од Македонија доби шанса во последниот период од натпреварот и кон голот на ривалот упати еден удар.
За двете екипи овој натпревар немаше никакво резултатско значење, бидејќи уште од поодамна обезбедија пласман во осминафиналето од најсилното европско натпреварувања.
Во групата А, во која се наоѓа и тимот на Младеновска, романскиот шампион ЧСМ Букурешт славеше над Битигхјам со 31:28 (17:10).
Најефикасна во победничката екипа беше Кристина Неагу со шест погодоци, додека во поразениот табор Каролина Кудлач, исто така, имаше шест реализации.
На останатите натпревари на победа се радуваа екипите на Икаст, Кристијансад, Рапид Букурешт, Оденсе, Дебрецен и Есбјерг.
Лига на шампиони, 13 коло, резултати:
Брест Бретањ – Савехоф 28:23
ЧСМ Букурешт – Битигхајм 31:28
Дебрецен – Ѓер 29:28
Есбјерг – Крим 29:21
Будуќност – Оденсе 17:33
Заглебје – Рапид Букурешт 21:24
ФТЦ – Вајперс Кристијансад 27:35
Икаст – Мец 35:34
Во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа, тимот на Локомотива Загреб, во кој настапува Андреа Седлоска, доживеа нов пораз, овојпат од Шамбре Турен со 29:22. Македонската репрезентативка двапати се запиша во листата на стрелци.
Лига на Европа, 5 коло, резултати:
Локомотива Загреб – Шамбре 22:29
Мошонмаѓаровар – Сола 29:34
Бенсхајм – Нант 37:30
Дунареа – Турингер 33:23
Љублин – Глорија Бистрица 26:29
Подравка – Вац 27:24
Сторхамар – Никобинг 27:26
Малага – Таргу 30:26