Митун: Ќе играме пред многу бучни навивачи во Македонија

Селекцијата на Фарски Острови е пречката на Македонија до нов настап на големо натпреварување – СП 2025.

Средниот бек Оли Митун, вели дека по тој и неговите соиграчи се задоволни од тоа што им го донесе ждрепката.

„Задоволни сме од тоа што ја добивме Македонија за противник во баражот. Мислам дека се работи за селекции од сличен квалитет и верувам дека можеме да одиграме добар натпревар на домашен терен. Нема дилема дека ќе биде „хаос“ на теренот кога ќе играме пред многу бучни навивачи во Македонија“, вели Митун.

Првата средба меѓу Фарски Острови и Македонија се игра на 8 мај од 18:00 часот во Торшавн, додека реваншот е на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.