Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжува одличната форма во која брани оваа сезона.
Неговиот тим Порто славеше на гостувањето кај Брага со 26-24, а голем дел од заслугите одат на адресата на Митревски.
Чуварот на мрежата успеа да одбрани 13 од 26 удари на противничкиот тим и имаше високи 50% успешност.
Бенфика каде што игра Филип Талески доживеа дебакл кај Спортинг Лисабон и загуби со 37-28, а македонскиот лев бек даде еден гол.
На табелата води Спортинг со 39 бода, Порто е втор со 35, а Бенфика трета со 31. Во следното коло Порто ќе го пречека Спортинг, додека Бенфика е домаќин на Брага.