Митревски и Тодоровски со нов предизвик во ЛЕ, евро-задачи за Начевски и Металари

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третата рунда од Лигата на Европа.

Македонскиот пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, ќе го судат натпреварот меѓу романската Констанца и полскиот Хробри Глогов.

Овој дуел е закажан во салата „Симона Аманар“ во Констанца на 14 ноември со почеток во 18:45 часот.

Марјан Начевски ќе биде делегат на мечот меѓу Ловќен и Кадетен Шафхаузен од Лигата на Европа што ќе се игра на 14 ноември во Подгорица од 20:45 часот.

Камер Металари е делегиран на мечот од женскиот Европски Куп меѓу босанската Криваја и холандскиот Венло што е закажан на 18 ноември од 19:00 часот.