Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото и шестото коло од квалификациите за ЕП 2026.
ЕХФ им укажа голема доверба, па македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија задача на еден од најинтересните натпревари што директно ќе одлучува за патник на ЕП.
Станува збор за средбата меѓу Австрија (4) и Швајцарија (5) од групата 7 што ќе реши која од овие две селекции ќе биде втора на табелата зад Германија (8) и ќе патува на континенталниот собир.
Сосема извесно од оваа група и третото место ќе носи пласман на ЕП 2026, но сепак за тоа ќе треба да се пребројуваат бодовите, головите…меѓу сите третопласирани во осумте групи.
Натпреварот е закажан за 11 мај од 18:00 часот во Грац во „Рајфајзен Арена“, а делегат ќе биде Јанко Пожежник.