Митревски и Тодоровски ќе го судат балканското дерби во Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за втората рунда во Лигата на Европа.

Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Битолчани ќе го судат балканското дерби во групата 2 меѓу словенечкиот Горење Велење и хрватскиот Нексе Нашице.

Овој натпревар ќе се игра на 20 февруари во „Рдеча Дворана“ во Велење со почеток во 18:45 часот.