Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за втората рунда во Лигата на Европа.
Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Битолчани ќе го судат балканското дерби во групата 2 меѓу словенечкиот Горење Велење и хрватскиот Нексе Нашице.
Овој натпревар ќе се игра на 20 февруари во „Рдеча Дворана“ во Велење со почеток во 18:45 часот.