Митревски и Порто најдоа лек за Спортинг – му го нанесоа првиот сезонски пораз!

Трката за шампионската титула во Португалија повторно е отворена, откако Порто на Никола Митревски го совлада Спортинг Лисабон со 37-35.

Тимот на македонскиот репрезентативец му го нанесе првиот сезонски пораз на Спортинг во португалскиот шампионат по 24 врзани победи.

Митревски беше меѓу најзаслужните за триумфот на Порто и успеа да одбрани десет удари на противничките ракометари.

Бенфика на Филип Талески славеше против Брага со 34-27, а македонскиот репрезентативец имаше три гола од четири обиди.

На табелата сега Спортинг има 40 бодови, Порто е втор со 38 бодови, додека Бенфика е трета со 34.