Митревски: Добивме еден од помалку посакуваните ривали, но треба да ја искористиме фаворитската улога

Македонија ќе игра против Фарски Острови во баражот за Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Капитенот Никола Митревски вели дека овој ривал беше еден од помалку посакуваните, но дека Македонија ќе ја има фаворитската улога.

„Добивме еден од помалку посакуваните противници за баражот, но секако дека ние ќе влеземе во тој двомеч како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, имаат играчи од Бундес лигата и нивната игра се заснова на квалитетите на тие ракометари. Доколку бевме од другата страна во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни, така да и сега ќе треба добро да се подготвиме за нив и да ја продолжиме низата на пласмани на големите натпреварувања“, вели Митревски за 24Ракомет.

Првиот меч се игра во Торшавн на 8/9 мај, додека реваншот по кој ќе биде познат патникот на СП на програмата е во Скопје на 11/12 мај.

Познат ривалот – еве кој стои на патот на Македонија до Мундијалот во 2025!