Митревски блескаше на голот, Порто ја прекина серијата порази

Португалскиот првак Порто ја прекина серијата порази и остана во трка за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Предводени од капитенот на Македонија, Никола Митревски, домашните славеа против Целје со 32-30.

Митревски беше најдобар играч во Порто и успеа да им одбрани дури 14 удари на гостинските ракометари.

Сега Порто има осум бодови, но останува на седмата позиција зад Висла Плоцк, кој има девет на шестото место откако се избори за реми кај ГОГ Гудме.

Во последното коло Порто и Митревски ќе гостуваат во Плоцк кај директниот ривал и ќе мора да слават за да се надеваат на место во осминафиналето.