Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, и следната сезона ќе биде предводник на тимот на Холабрун.
Митков оваа сезона ја заврши богатата играчка кариера, беше повремено на теренот, но најчесто на клупата и го „печеше“ тренерскиот занает.
Иако Холабрун на крајот од оваа сезона одново се врати во Првата лига на Австрија, сепак раководството му даде доверба на Митков.
Тој заедно со Даниел Фораи ќе го води Холабрун во прволигашките предизвици, а не е исклучено во овој тим одново да заигра македонски ракометар.