Овче Поле СУ на шопинг во Куманово – ја донесе Михаела Николовска

Тимот на Овче Поле СУ донесе уште една млада ракометарка за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции во Првата женска лига.

Станува збор за Михаела Николовска, кружен напаѓач, која доаѓа од некогашниот шампион на Македонија, Куманово.

Претходно Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева останаа верни на тимот од Свети Николе и потпишаа нови договори за наредната сезона.

Покрај овој квартет која останува во клубот, Овче Поле СУ донесе уште две млади ракометарки – Натали Маџовска (2008), која игра на позиција лев бек, а доаѓа од кадетската екипа на Вардар, како и Андонела Ангелковиќ (2013), која игра на позиција десно крило и доаѓа од пионерската екипа на Спартак.