СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025/26

Во сезоната што ја оставивме зад нас, беа крунисани десет шампиони во натпреварувањата во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Во сениорска конкуенција, шампиони станаа Вардар и Ѓорче Петров. „Црвено-црните“ се вратија на тронот по тригодишното владеење на Еурофарм Пелистер, додека „лавиците“ ја продолжија доминацијата.

Во прволигашката конкуренција, „витамините“ од Автокоманда беа најдобрите кај момците, додека Атлетик покажа најмногу кај дамите и се пласираше во елитата.

Кај младинците, шампиони станаа „витамините“ од Автокоманда, додека кај пионерите најуспешен беше „сино-белиот“ тим од Автокоманда. Пролет ја освои титулата кај кадетите.

Кај младинките, без конкуренција беше Атлетик, кој стана првак, во кадетска конкуренција најдобар беше Вардар, додека Ѓорче Петров освои титула кај пионерките.