Милосављев фати четири седмерци, Фуксе оди на Ф4 со Мелсунген, Фленсбург и Магдебург

По завршувањето на Европското првенство минатиот викенд, ракометарите немаа голем одмор и веднаш се вратија на клупските обврски.

Во Германија се одиграа четвртфиналните натпревари од Купот и познати се патниците на завршниот турнир во Келн.

Мелсунген на Роберто Гарсија Парондо славеше на гости кај Либек со 30-28, додека Фленсбург немаше проблеми на гости кај Хамбург и победи со 37-25.

Фуксе Берлин на домашен терен предводен од Дејан Милосављев го елиминираше Гумерсбах, 31-29. Екс голманот на Вардар запиша 16 одбрани, од кои четири седмереци, а Гидсел со девет и Линдберг со шест гола беа најдобри стрелци.

Последен учесник на завршниот турнир на 13 и 14 април ќе биде Магдебург, кој иако се очекуваше да има проблеми против Рајн Некар, сепак славеше многу лесно со 34-24.