Тимот на Чаир со убедлива победа ја стартуваше новата сезона во Женската лига и на домашен терен ја совлада Стружанка со 36-16.
Предводничка на победничкиот состав беше младата Рона Мифтари со 11 погодоци, а шест гола даде Стефанија Ѓоргиевска.
По нерешените 2-2 на стартот, Чаир отиде на 11-2 и немаше дилеми каков тек ќе има овој натпревар до крајот. На паузата беше 20-7, a шанса за настап добија сите ракометари. Во редовите на Стружанка, се истакна Раткушиноска со седум гола.
Металург Автокоманда исто така убедливо тргна на стартот во новата сезона. Во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет славеше со 33-13.
Крилата Сара Миновска и Марија Гугуљанова доминираа на теренот и комбинираа 12 погодоци, додека Јована Ангеловска постигна четири за домаќинките.