Мицевска повторно „полуде“ на голот, Слатина продолжува без пораз

Македонските репрезентативки Јована Мицевска и Јована Саздовска повторно имаа одличен настап во прволигашката конкуренција во Романија.

Имено, тимот на Слатина, во кој настапуваат двете репрезентативки, во последното коло од регуларниот дел од Првата лига славеше убедлива победа над Сепси.

Слатина против Сепси одигра одлично во двете полувремина и оствари триумф, кој беше изразен со 18 гола разлика, 40:22.

Мицевска натпреварот го заврши со дури 16 интервенции, додека Саздовска зад своето име запиша три погодоци.

Ивана Арсениевска, која исто така настапува во Романија, со тимот на Униреа Слобозиа, славеа над Спартак Букурешт со 35:17.

Средниот бек во дадената минутажа на теренот имаше 100% реализација, односно три од три.