Тимот на Металург РА ќе го загуби натпреварот од 5. коло на Првата машка ракометна лига со службен резултат 0-10 бидејќи не отпатуваа на дуел со Вардар Неготино. Скопскиот клуб ја известил Натпреварувачката комсија на РФМ дека не можат да соберат 12 ракометари и дека поради тоа нема да отпатуваат за Неготино.
Мечот воопштп не бил одигран, а беше планиран за синоќа. Натпреварувачката комисија сега ќе решава за случајот, но сигурно е дека неготинци службено ќе добијат два бода, а Металург ќе загуби еден бод. Во Член 11 од Правилникот за организација и спороведување на на ракометни натпревари е објаснето што се случува ако клуб неоправдано не одигра некој меч.
За неодигран првенствен натпревар од неоправдани причини екипата го губи натпреварот со службен резултат 10:0 и минус еден (-1) бод од бодовното салдо, ако екипата нема освоено бодови, тогаш бодот ќе се одземе од следни освоени бодови. За неоправданоста ја оценува Kомесарот/Комисијата за натпревари за натпреварување со Дисциплинската комисија на РФМ во прв степен, се вели во Член 11.
Бидејќи Металург РА воопшто не отпатува веројатно Натпреварувачката комисија ќе се повика на овој члeн при носењето на одлуката.
Скопскиот тим го искористи „првиот џокер“ и секое следно неоправдано неодиграње ќе значи и исфрлање од лигата. Тоа го предвидува Правилникот за организација и спороведување на ракометни натпревари. Во член 22 се вели:
Доколку во тековната натпреварувачката сезона од неоправдани причини некоја екипа не одигра 2 (два) првенствени натпревари, се исклучува од натамошно натпреварување а одговорното лице нема право да пријави нов клуб и врши дејност во ракометниот спорт во траење од 3 (три) години, истото ќе се однесува и за сите нејзини младински категории. Истото важи и за екипите пријавени во младински категории (се исклучуваат нивните сениорски екипи)
Поради неодигрување на Куп натпревар, тимот на Борец ФЛ од Велес беше исклучен од Супер лигата. Среќна околност е што нема испаѓање од Прва лига.