Металург Автокоманда има нова голманка – потпиша Јована Трајкоска

Тимот на Металург Автокоманда се пофали со ангажманот на нова голманка во екипата, Јована Трајковска.

Трајковска беше дел од шампионот Ѓорче Петров, но немаше голема минутажа покрај Слободанка Кицеска и Матеа Чурлиновска.

Во Металург Автокоманда ќе формира трио со Aмра Терзиќ и Леа Христоска, кои го бранеа голот во есенскиот дел од сезоната во Женската лига.

Пролетниот дел ќе стартува на 17/18 февруари, а Металург Автокоманда во 14 коло ќе гостува кај Спартак.