Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од Светското првенство за кадети во Египет.
Меѓу нив ќе биде и двојката од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои трета година по ред добиваатделегирање на СП.
Тие беа дел од СП за кадети во Хрватска во 2023 година, лани судеа на СП за кадетки во Кина, додека годинава патуваат во Египет.
Покрај тоа, Металари и Николовски ќе судат дел од решавачките средби во лигата на Обединетите Арапски Емирати.