Металари и Николовски на дерби во женската ЛШ

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе ја дели правдата на натпревар од Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација ја делегираше двојката од Македонија на дуелот меѓу Будуќност и ЧСМ Букурешт.

Средбите меѓу овие две екипи секогаш биле многу интересни, иако во последните сезони квалитетот е на страната на романскиот првак.

Натппреварот меѓу Будуќност и ЧСМ Букурешт се игра денеска во „Бемакс Арена“ во Подгорица со почеток во 16:00 часот.