Meталари и Николовски ќе судат на Светско првенство!

Продолжува низата на големи натпреварувања за двојката Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Судиската двојка од Македонија што има и ЕХФ и ИХФ значка, доби делегирање од светската куќа на ракометот.

Металари и Николовски откако лани беа дел од кадетскиот Мундијал за мажи во Египет, сега ќе судат на младинскиот Мундијал за дами.

Светското првенство на кое ќе играат 32 репрезентации ќе се одржи во кинескиот град Жинжонг од 24 јуни до 5 јули.