Белорускиот првак Мешков Брест одново ќе има конкурентен тим и за следната сезона, иако нема да биде дел од европските натпреварувања.
Мешков ги продолжи договорите со двајца важни ракометари – пивотот Павел Андреев и голманот Иван Мацкевич.
Чуварот на мрежата се врати во татковината по престојот во АЕК Атина и остави добар впечаток, па договори нова соработка.
Aндреев дојде во Мешков Брест во 2022 година, паузираше подолго време поради повреда, а иако се споменуваше негов камбек во Русија, сепак се реши да остане во Белорусија.