Мец незапирлив – гази сè пред себе во Лигата на шампионите!

Францускиот шампион Мец ја продолжува низата без пораз во Лигата на шампионите и по првата четвртфинална средба.

Избраничките на Емануел Мајонад славеа на гостувањето во францускиот двобој кај Брест Бретањ со 29-26, иако на паузата губеше со 15-14.

Сепак во вториот дел Мец направи комплетен пресврт и се наоѓа на добар пат да обезбеди место на завршниот турнир во Будимпешта.

Вјахирева имаше осум гола за домаќинките, додека исто толку даде Вамош за победничкиот состав.

Мец го заврши групниот сегмент со 13 победи и едно реми, а ако слави и на реваншот со Брест, ќе патува на Ф4 без ниту еден загубен натпревар.