Мечот со Македонија ќе го памети вечно: Шмид ја заврши кариерата!

Иако беше планирано мечот со Македонија да биде последен само во репрезентативната кариера, сепак на крајот излезе дека тој е последен воопшто во кариерата на швајцарската легенда Енди Шмид.

Одличниот среден бек имаше договор со Криенс Луцерн до крајот на оваа сезона, но нема да ја доигра и ја искористи клаузулата во договорот која му овозможи порано да каже крај.

„По емотивните последните натпревари со репрезентацијата во Германија и интензивен период, заедно со одговорните луѓе од екипата на Криенс Луцерн одлучивме да ја прекинам кариерата и тоа веднаш. Од една страна ми се оствари желбата со репрезентацијата да игра на ЕП и тоа во државата каде што ги имав најголемите успеси. Привилегија е за мене како топ спортист да одлучам за завршам по свој избор, а не поради повреда. Последните неколку години оставија трага, моето тело сега ја плаќа сметката за долгата кариера во форма на помали повреди“, изјави Шмид.

Шмид ја завршува кариерата на 40 години како член на клубот Луцерн, каде што почна неговиот ракометен пат. Играше за Грасхоперс Цирих, како и за Амичитија Цирих во татковината, а беше дел од данскиот Силкеборг, како и Рајн Некар Левен, каде го имаше својот зенит.

За репрезентацијата на Швајцарија одигра 218 натпревари и постигна 1094 погодоци.