Meшков Брест со висока победа се загреа за вардарци

Ракометарите на Мешков Брест следниот четврток го пречекуваат Вардар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, а за тој дуел се загреаја со победа во домашното првенство.

Тимот на Мешков Брест го совлада составот на БГУФК СКА со 42:29 така што одработе добра средба и покажа дека е во добра форма пред значајниот натпревар кој ќе даде одговор за пласманот на тимовите во групата.

На оваа средба Баранов и Вајлупов беа најефикани ракометари на Мешков Брест со по осум гола, додека Силко имаше седум. Четирипати прецизни беа Томашук и Врањеш.

Мешков Брест е лидер во првенството на Белорусија. Има максимални 30 бода од 15 одиграни натпревари.