Матески броеше до 11, „витамините“ победнички со Јехона

„Витамините“ од Автокоманда запишаа нова победа во прволигашката конкуренција и останаа на врвот на табелата.

На домашен терен избраниците на Миле Бочкаровски славеа против составот на Јехона од Гостива со 42-27.

Лидер на домашниот тим беше младинскиот репрезентативец на Македонија, Јулијан Матески, кој постигна 11 погодоци.

По шест гола во победничкиот тим запишаа Дарјан Ѓокески и Немања Џигероски, додека кај Јехона се истакна Адис Салиу со седум гола.

„Витамините“ од Автокоманда се први на табелата со 38 бодови, додека Младост Богданци е втор со 36, но и меч помалку.