Мартин Поповски е шести стрелец во Швајцарија

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски игра во одлична форма оваа сезона во швајцарскиот шампионат.

Десното крило, кое ја покрива и десната бековска позиција во Амичитија Цирих се наоѓа во ТОП 10 стрелци оваа сезона во регуларниот дел.

Поповски е шест стрелец со постигнати 132 погодоци на 27 натпревари во регуларниот дел кој Цирих го заврши на третото место.

На првото место на листата на стрелци е Ноам Леополд од Винтертур со 210, втор е Давид Кнежевиќ со 191, дека Феликс Ален е трет со 173 гола.

Цирих и Поповски утре го стартуваат четвртфиналето на плеј-офот, во кое ќе се соочат со Сент Гален во серијата до три победи.