Според пишувањата на „Handball leaks“, кружниот напаѓач на Кадетен Шафхаузен, Лукас Хербургер, во следната сезона ќе го има вториот интернационален предизвик.
29-годишниот ракометар, кој најголемиот дел од својата кариера го помина во Алпла Хард, ќе биде првото засилување во тимот на Фуксе Берлин.
Бундеслигашот во наредниот период треба да ја официјализира соработката со искусниот швајцарски репрезентативец.
Хербургер во последните шест сезони е дел од Кадетен Шафхаузен, со тимот од Швајцарија има забележано настапи во сите европски натпреварувања.
На лето од Фуксе Берлин ќе си заминат голманот Виктор Киреев и десното крило Ханс Линдберг.