Марјан Начевски на нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за 11 коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Покрај судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски, Македонија ќе има претставник и кај делегатите.

Марјан Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу романскиот првак ЧСМ Букурешт и шведскиот шампион Савехоф.

Овој натпревар ќе се одигра на 21 јануари со почеток во 16:00 часот во Букурешт, а судии ќе бидат Секулиќ и Јовандиќ од Србија.