Маргуч: Ќе биде интересно да се игра против сите ривали

Унгарскиот шампион Веспрем е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групниот сегмент од Лигата на шампионите.

Веспрем, освен со Еурофарм Пелистер, во рамки од групата А ќе игра уште и со екипите на Спортинг, Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Фредериција, ПСЖ и Висла Плоцк.

Еден од најискусните во редовите на Веспрем, десното крило Гашпер Маргуч, даде свој коментар по ждрепката.

,,Ќе биде интересно да се игра против сите ривали. Ако ги споредиме групите, тогаш на хартија, мислам дека „Б“ е посилна, таму има повеќе звучни имиња. Ниту еден тим во Лигата на шампионите не треба да биде отпишан. Ние имаме големи цели за новата сезона, треба да бидеме прво или второ место во групата и мислам дека може да го постигнеме тоа. Со нетрпение ја очекувам новата сезона, нови возбудувања, нов тренер…“, изјави Маргуч.

Првата пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра во второто коло, односно на 18/19 септември во Унгарија.

Второто соочување меѓу македонскиот и унгарскиот шампион ќе биде на 26/27 март, 2025, во Битола.