Германскиот гигант Кил го очекува тежок период во октомври, бидејќи ќе одигра девет натпревари за 26 дена!
Прв предизвик за екипата на Филип Јиха денеска е мечот од германскиот Куп против Хамбург, а веќе в сабота им доаѓа натпревар со Штутгарт од Бундес лигата.
Во вторник на програмата е дуел од Лигата на Европа против шпанската Торелавега, а потоа следуваат бундеслигашки средби против Хамбург, Ерланген и Потсдам.
Меѓу нив тешки дуели со српската Војводина на гостински терен и против хрватскиот Нексе Нашице, кој доаѓа во „Вундерино Арена“ на 29 октомври.
Тренерот Филип Јиха се соочува со пролбеми со играчкиот кадар бидејќи нема на располагање цела бековска линија – Билик, Скипаготу и Рајнкинд.
Првите двајца се очекува наскоро да се вратат на терените, додека норвешкиот десен бек ќе отсуствува подолг временски период.