Мандиќ со „сто раце“ – Магдебург на колена во Загреб

|
20:26

Екипата на Загреб пред своите навивачи успеа да го победи Магдеург, славеше со 22:19, а победничко деби на клупата на најтрофејниот хрватски клуб имаше искусниот стратег Велимир Петковиќ, кој тренерската палка ја презеде од Андрија Николиќ.

Хрватскиот шампион со овие два бода се врати во игра за 6. позиција на табелата, односно за пласман во осминафиналето во европската елита. Тимот предводен од Петковиќ во следното 9. коло ќе биде домаќин на францускиот Нант, кој утре игра против Барселона.

Загреб на крилата на голманот Мандиќ имаше фуриозен налет против екс освојувачот на Лигата на шампионите и во воведните десет минути имаше предност од плус пет, 6:1. Бундеслигашот одвреме – навреме доаѓаше до реализација и за дваесетина минути игра имаше постигнато само четири гола.

Домаќинот имаше беспрекорен напад и цврста одбрана, знаеше како да дојде до реализација, многу лесно ја пробиваше одбраната на гостите и во 15 минута дојде до предност од 8:4. Предноста на Загреб во 20 минута беше 10:4, а пет минути подоцна тимот на Петковиќ имаше 11:6. По 30 минута игра резултатот беше во корист 13:7 за домашниот табор. Голманот на Загреб, Матеј Мандиќ, првото полувреме го заврши со неверојатни 14 интервенции од 20 удари, поголемиот дел од нив беа од дуел еден со еден.

Магдебург на стартот на вториот дел се закани намалувајќи на 13:11 и во тој момент беше јасно дека домаќините ќе мора да се консолидираат за да ја задржат предноста. Следуваше период, во кој домаќинот врза два гола во низа, двата беа дело на Главаш, и во 42 минута предноста на Загреб беше плус три, 15:11. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да направат камбек и да се изборат за барем бод, но домашниот тим не дозволи драма.

Најефикасен во победничката екипа беше Лука Ловре Кларица со седум гола, голманот Мандиќ беше фантастичен меѓу стативите и натпреварот го заврши со 20 интервенции.

Алборг и Колстад одиграа интересен натпревар, а на победа се радуваа домаќините, триумфираа со два гола разлика, 30:28. Двете екипи имаа свои моменти, на полувреме беше 14:13 за гостите, a данскиот шампион победата ја обезбеди со поголемата фокусираност во клучните моменти.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Јул Бустер со седум гола, кај Колстад се истакна Магнус Сондена со гол повеќе – 8

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064

📷 Домаќините на Исланд не знаат против кој играат – Вардар ли е, Мелсунген ли е?

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
20:59

Реализаторите на преносот од Рејкјавик очигледно не знаат против кој тим игра нивниот претстаник.

На графиката на преносот од натпреварот меѓу Валур и Вардар од Лигата на Европа, стои кратенката „МТМ“.

Тоа е кратенката за германскиот Мелсунген, односно МТ Мелсунген, а очигледно на лицата задолжени за техничките работи при преносот, не им се работело многу вечерва.

Вардарци морат да слават на гостувањето на Исланд кај Валур, а Порто да загуби кај Мелсунген, за да ги задржат и онака минималните шанси за прогрес во главната рунда.

Гудмундсон: Одиме по реванш во Битола

Автор: Душко Андов
| 18 ноември 2024
14:47

Во среда на сцена се враќа Лигата на шампионите, а македонскиот првак Еурофарм Пелистер, на домашен терен ќе ја пречека данската Фредериција.

Тренерот на Фредериција, Гудмундур Гудмундсон, најавува реванш против пелистерци за поразот во Данска.

„По поразот од Еурофарм Пелистер во минатото коло, ние посакуваме реванш против македонскиот тим. Тие се познати по неверојатната атмосфера на домашен терен, но ние имавме неколку импресивни перформанси низ неколку големи арени во Лигата на шампионите“, вели Гудмундсон.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци по прва домашна победа во ЛШ

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
10:00

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра осмиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостин во Битола ќе биде данскиот вицепрвак Фредериција, тим во кој настапуваат двајца екс пелистерци – Реине Табоада и Себастијан Хенеберг.

На првото соочување меѓу двата тима, на победа се радуваше битолскиот тим, со пресврт во второто полувреме дојде до триумф од 25:23.

За Еурофарм Пелистер ова ќе биде важен натпревар и со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за осминафинале во европската елита.

Деби на клупата на „зелено-белите“ ќе има новиот тренер Раул Алонсо, кој со македонскиот шампион се договори на двегодишна соработка.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Денеска во Лигата на шампионите ќе има утре три дуели, ќе играат Алборг – Колстад, Загреб – Магдебург и Спортинг – ПСЖ.

Распоред на денешните натпревари од ЛШ:
18:45 АЛБОРГ – КОЛСТАД
18:45 ЗАГРЕБ – МАГДЕБУРГ
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ФРЕДЕРИЦИЈА
20:45 СПОРТИНГ – ЛИСАБОН

🔴ВО ЖИВО🔴 Валур – Вардар, Текстилец – Скопје

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
18:25

Гледајте ВО ЖИВО, Валур – Вардар, ТУКА

Ракометарките ќе добијат голема премија за секоја победа на ЕП!

Автор: Редакција
| 20 ноември 2024
17:40

Женската репрезентација на Македонија го одработува последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска на „Кроација Куп“.

На Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија е во група со фаворитите Унгарија и Шведска, како и со Турција.

Од Ракометната федерација на Македонија ветија премија од 1.500.000 денари за секоја победа на континенталниот собир.

Нашите ракометарки ЕП го започнуваат на 28 ноември со дуел против Шведска, на 30 ноември одат на мегдан на Турција, додека на 2 декември е пресметката со Унгарија.

Претходно в сабота и недела, Македонија ќе одигра две пријателски средби против селекциите на Хрватска и Србија.