Манасков: Мотивацијата е голема, очекуваме неизвесен натпревар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре против Алкалоид ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.

Пелистерци во полуфиналето беа подобри од Тиквеш со 33:29 и доколку сакаат да дојдат до 6-ти Куп трофеј, ќе мора да одиграат многу подобро во дуелот со тимот од Автокоманда.

Левото крило Дејан Манасков ги истакна своите очекувања за утрешното финале и се надева дека неговиот тим ќе има голема поддршка од трибините.

,,Утре играме за трофеј, мотивацијата пред финалето е голема, играме зa прв трофеј сезонава, засега се уште немаме освоено ништо, очекуваме да биде еден неизвесен натпревар, ќе се подготвуваме и до нашите симпатизери ќе им порачаме да не бодрат како и до сега, тие sе нашиот осми играч, секако дека поддршката ќе ни значи многу. Во Охрид беше преубава атмосферата, се надевам дека во Скопје ќе биде уште подобра”, изјави Манасков.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистр и тимот на Кире Лазаров ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.