Малус и Горига ќе бидат во состав – колку ќе играат ќе зависи…

За реваншот со Монпелје, тимот на Вардар ќе биде комплетен, и во составот ќе бидат и Јака Малус и Дмитро Горига. Двајцата поради повреда и болест не патуваа за Франција.

„Утре сите ќе бидат во состав. Некои не тренираа до вчера, но работеа со тимот. Ќе видиме колку и дали ќе можат да го следат интензитетот на натпреварот, објасни Иван Чупиќ на прашањето поврзани за состсвот со кој ќе се спротистави на Монпелје.

Вардар има план како да стигне до посакуваниот резултат.

„Нашиот план е лесен – мора да го ставиме Монпелје под притисок и мора да ги чекаме нашите моменти. Кога ќе дојдат, треба да ги искористиме и да ги извадиме од комфорната зона. Нема веќе лесно, ниту еден тим нема да се откаже. И да водиме 15 разлика на крај, Монпелје нема да се откаже. Треба да пробаме да одиграме совршен меч и ние како тим, и целата сала, да веруваме во сите 60 минути. Потоа ќе повлечеме црта и ќе видиме дали било доволно, вели Чупиќ.

Мечот со Монпелје се игра утревечер во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.