На тренерскиот семинар за стекнување Мастер Коуч лиценца што се одржува во Врњачка Бања, присутни се и многу македонски тренери.
Меѓу нив се актуелните тренери на македонските шампиони Еурофарм Пелистер и Ѓорче Петров – Бранко Ангеловски и Симе Симовски.
Тука се и Александар Јовиќ, Никола Матлиески, Аце Станковски, Борче Марковски, Томче Петрески, Владимир Глигоров…
Тие ги обновуваат своите Мастер Коуч лиценци кои ги имаат стекнато пред четири години на овој семинар, кој се одржува од 10 до 12 мај.
Семинарот е во организација на РСС, а таму се присутни и екс тренерското дуо на Вардар, Давид Дејвис и Ким Расмусен, потоа поранешната македонска репрезентативка Моника Стефаноска, која сега е дел од стручниот штаб на младинските селекции на Австрија, Аким Комнениќ, па некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ…