Македонските младинци тестираа со Бутел Скопје

Машката младинска репрезентатиција одигра пријателски тренинг натпревар со комбинираниот состав на Бутел Скопје и славеше со 35-28.

На полувреме беше нерешено, 14-14, а шанса за настап добија сите ракометари во тимовите на Раде Стојановиќ и Горан Кузманоски.

Во составот на Бутел Скопје недостигаа повредените Николовски и Спасовски, потоа Стојаноски, како и браќата Узунчеви, Михајловиќ и Субашевски, кои беа дел од противничкиот табор.

Избраниците на Раде Стојановиќ ја искористија оваа ЕХФ недела како дел од подготовките за настапот на СП 2025 во Полска, во која ќе бидат во група со Исланд, Романија и Фарски Острови.