По поразот во првиот пријателски натпревар од селекцијата на Грција, македонските кадети се реваншираа на втората средба.
Избраниците на Наум Танески победија со 30-27, откако на полувреме водеа исто така со три гола, 14-11.
Грчките ракометари славеа на вчерашниот дуел во Маврово со пет гола, 29-24, но сега подобри беа македонските кадети.
Овие два меча се дел од подготовките за настап на Европското првенство во Црна Гора, каде Македонија е во група со Франција, Германија и Полска.