Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете ракометарки од Македонија, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска, продолжува во победнички ритам во најсилното натпреварување во Турција.
Коњалти во натпревар од 13. коло од тамошниот шампионат немаше никакви проблеми да триумфира над просечниот тим на Универзитет Анадолу со 14 гола разлика, 44:30.
Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кое што заврши во корист за гостинките од 21:10.
Гакидова и Ѓорѓиевска во листата на стрелци се запишаа по двапати и на овој натпревар најмногу играа ракометарките со помала минутажа.
Дел од Коњалти ѐ и Моника Јанеска, која од неодамна е на пауза поради бременост.
Коњалти моментално е лидер во турскиот шампионат, има 26 бода, на второто место е Кастамону со 24, потоа следуваат Јаликавак и Јенимахал со по 18.