Македонскиот двобој во Чешка за Костески

Тимот на Плзен, во кој настапува репрезентативецот на Македонија, Никола Костески, запиша важна победа во шампионатот на Чешка.

Плзен во натпревар од 25. коло од најсилното чешко натпреварување славеше против Брно на Дејан Кукуловски со 28:22.

Костески во дадената минутажа успеа да постигне три погодоци, додека Кукуловски двапати се запиша во листата на стрелци.

Тимот на Костески останува на лидерското место, сега има 42 бодови, второпласираната Карвина има четири бодови помалку, односно 38.

Следен предизвик за Плзен ќе биде гостувањето кај Хранице, кој моментално е претпоследен во чешкиот шампионат.

Кукуловски и Брно во следното коло ќе се соочат со тимот на Нове Весели и на овој дуел ќе се обидат да се вратат на победничките патеки.