„Македонската“ Слатина оствари злато вредна победа

Тимот на Слатина, каде што настапуваат трио македонски репрезентативки, запиша важна победа во романскиот шампионат.

Јована Саздовска, Ивана Гакидова и Јована Мицевска со Слатина славеа против екипата на Јаши со 25-24.

Левото крило Саздовска имаше еден гол од два обиди, пивотот Гакидова погоди два пати од три обиди, додека Мицевска влезе само да брани пенал.

Ова беше злато вредна победа, бидејќи Слатина сега има шест бода на 12 место, што многу веројатно ќе биде доволно за опстанок во лигата.

Јаши е последен без бодови, додека Глорија Бузау се откажа, па само една екипа ќе испадне оваа сезона.