Триото македонски репрезентативки – Ивана Гакидова, Моника Килдан Јанеска и Елена Ѓорѓиевска се израдуваа на голема победа во турскиот шампионат.
Нивниот Коњалти Анталија славеше против актуелниот шампион Кастамону со убедливи осум гола разлика, 37-29.
Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога домаќинките водеа со 15-13. Гакидова беше стрелец на два гола, Ѓорѓиевска постигна еден погодок, додека Килдан Јанеска постигна три гола.
Сега Коњалти е осамен на првото место на табелата во турскиот шампионат и има девет од девет, а овој триумф е добра увертира за реваншот од Европскиот Куп со шпанскиот Гранољерс, каде турскиот тим брани два гола предност.