Македонка ќе се бори за трофеј против некогашниот гигант Хипо!

Екипата на Штокерау, во која брани Матеја Серафимова, обезбеди финалето во Купот на Австрија.

Тимот на Серафимова до пласман во финалето стигна, откако во полуфиналето славеше над Тулн со 37:24.

Штокерау за ривал во финалето го доби некогашниот европски гигант Хипо, кој на времето беше еден од најдобрите тимови во ЛШ.

Хипо во полуфиналето со гол во последната минута триумфираше над Ацгерсдорф со 23:22.

Финалниот дуел меѓу Штокерау и Хипо ќе се одигра на 20 април со почеток од 14:00 часот.