Македонија чека ждрепка – еве ги сите можни ривали во баражот за СП 2025

По комплетирањето на главната рунда на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, познати се сите селекции што ќе играат во баражот за СП 2025 во Германија и Холандија.

Во ждрепката в недела ќе има 22 селекции што ќе се борат за 11 билети за Мундијалот следната година, а Македонија ќе биде дел од вториот шешир.

Ако фортуната биде од помош в недела, би можела да ни ги додели Фарски Острови за ривал во баражот, или пак евентуално Исланд. Во изборот „ни добро, ни лошо“ би ги ставиле Швајцарија, Австрија и Чешка, додека сите останати би биле големи фаворити против Македонија, па дури и Словенија и Шпанија кои имаа големи резови и промени.

Првите натпревари се на програмата на 9/10 април, додека реваншите ќе се играат на 12/13 април 2025 година.

Бараж за СП 2025, ждрепка:

шешир 1: Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Фарски Острови

шешир 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово, Литванија