Македонија поразена од комбинираната Србија на последниот меч во 2024

Машката сениорска репрезентација на Македонија на последниот тест во Стара Пазова беше поразена од подмладената Србија со пет гола разлика, 34:29 (18:18).

Иако Србија нема да настапи на Мундијалот во јануари, сепак, во во јануарскиот период ќе биде дел од силниот турнир „Трофеј Карпати“, но и таму ќе настапи со комбиниран состав.

Нашата репрезентација освен со Србија, во првиот дел од подготовките тестираше и против Нови Београд и Динамо Панчево, кој е меѓу најдобрите српски суперлигаши.

Македонија за ривали во групната фаза на Мундијалот ги има Унгарија, Холандија и аутсајдерот Гвинеја.

Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.