Македонија не е доволно атрактивна за Романците – досега продадени 200 билети

Денеска ќе се одигра вториот пријателски натпревар меѓу селекциите на Романија и Македонија во градот Браила.

Очигледно дека салата нема да биде исполнета до последно место, иако некои медиуми пишуваа дека сите билети се продадени.

Денеска до 13:00 часот се продадени околу 200 билети, а федерацијата за своите пријатели има резервирано околу 350 билети, кои не беа пуштени во продажба. Билетите чинат 20 леи, или околу 250 денари.

Салата „Данубиус“ во Браила има капацитет од 2.200 седишта, но со оглед на тоа што има помалку од пет часа до стартот на мечот, јасно е дека трибините нема да бидат исполнети до последното место.

Првиот меч меѓу Романија и Македонија заврши со победа на домаќинот со 32-27 на селекторското деби на Георге Буричеа, откако со пресврт славеа против нашата ослабена репрезентација.