Македонија на тест со Црна Гора пред ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора како дел од подготовките за настапот на Европското првенство.

Овој дуел е закажан за 29 декември во Стара Пазова, а во 2024 година, избраниците на Кире Лазаров ќе имаат уште два теста против селекцијата на јужниот сосед на Македонија.

Нашата репрезентација е во група со домаќинот на ЕП, Германија, велесилата Франција и Швајцарија, а првиот меч го игра на 10 јануари против Франција во Диселдорф.

Како дел од подготовките за настапот на континенталниот собир, Македонија веќе одигра две пријателски средби со нашиот јужен сосед и оствари реми и победа.