Македонија на мегдан на Полска

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар на Европското првенство во Романија.

Ривал на избраниците на Игор Илиевски во битката за пласман од 17 до 20 место ќе биде селекцијата на Полска.

Ако победи, Македонија оди во битка за 17 место против победникот од дуелот Србија – Летонија, а доколку загуби ќе се соочи со поразениот од тој двобој за 19 место в недела.

Досега Македонија славеше против Турција и Летонија, а загуби од Данска, Норвешка, Хрватска и Австрија.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра од 13:30 часот.