Македонија на 18 април ќе ги дознае ривалите на ЕП

Женската репрезентација на Македонија на 18 април ќе ги дознае ривалите во групата на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Ова е прв континентален собир во женска конкуренција на кој ќе учевствуваат 24 репрезентации и ќе се игра по истиот принцип како кај мажите.

В недела ќе биде комплетиран списокот на учесници, а покрај Македонија, европскиот првак Норвешка, како и трите домаќини, на ЕП се пласираа и Данска, Црна Гора, Шведска, Франција, Холандија, Шпанија…

За Македонија останува да се одигра уште натпреварот со Литванија во СЦ „Борис Трајковски“, но тој нема да има никаква важност.

Ждрепката ќе се одржи во Виена од 18:00 часот.