Македонија ќе има претставник во евро-полуфинале!

Тимот предводен од Кирил Лазаров ќе игра во полуфиналето на Европскиот Куп и ќе има одлична можност да се бори за пласман во финалето.

Избраниците на Лазаров на реванш натпреварот од четвртфиналето против Баја Маре остварија убедлива победa од седум гола разлика, 32:25.

Првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд во Романија, заврши без победник, 31:31.

Најефикасен во редовите на домашниот табор беше Александар Петковски  со седум погодоци, а пет имаше Марко Стојковиќ.

Ривал на тимот од Автокоманда ќе биде норвешкиот Рунар Сандефјорд. Тимот од Норвешка во четвртфиналето го елиминираше Олимпијакос.

На првиот натпревар загуби со 37:31, а на реваншот победи со плус десет, 33:23