Македонија како на тренинг ја доби и втората контролка против Велика Британија

Женската сениорска репрезентација на Македонија без многу напор ја доби и втората контролка против Велика Британија.

Македонија на првиот пријателски меч триумфираше со 36:17, додека денес запиша победа од 34:19.

Како што е познато, македонската репрезентација во дуелите со Велика Британија настапи само со ракометарки од домашниот шампионат и сите од клупата имаа шанса да го покажат својот квалитет.

Овие две средби се дел од подготовките за продолжението на квалификациите за ЕП 2024, кои продолжуваат во март 2024 со двомеч со Шпанија.